,,Ако на Менкиноски му се суди за знамето од Кутлеш, зошто не им се суди на сите кои не го почитуваат Законот за употреба на знамиња и симболи? Апла не го фермаат со години. Ма ова се марионети. Им ги гледам конците со кои им ги мрдаат рачињата.” – Напиша на својот фејзбук профил претседателката на вонпарламентарната партија ,,Глас за Македонија” и универзитетска професорка Солза Грчева.
Поттик за ваквата реакција е веста дека следниот месец (Јуни) во Охрид на обвинителната клупа ќе седне адвокатот Тони Менкиноски, поради дело ,,нарушување на јавен ред и мир” преку поставување на знаме со Сонцето од Кутлеш на 27 април оваа година.
,,Ма ова се марионети. Им ги гледам конците, со кои им ги мрдаат рачињата.” – одполнува Грчева.

Во реакциите кон нејзината објава, покрај другото, се истакнува:
Ѝ се суди на Македонија, тоа се гледа од високо!;
Во Старата Чаршија во Скопје се веат албански и косовски знамиња и никому ништо.;
А во Тетово, Струга, во Гостивар, таму може нели? Кој ќе одговара за тоа?;
Тужба за сите, што веат туѓо знаме спротивно на законот!;
Измислуваат кривични дела без врска…;
Стана опасно да бидеш патриот и да си ја сакаш државата!
Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.
Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!