Володимир Јаценко, кој е еден од основачите на Монобанк, со јавна понуда од половина милион долари за програмерите доколку нивниот дрон „слета“ на Црвениот плоштад во Москва на 9 мај.
Во разговор со новинарите на украинскиот „Апостроф“, Јаценко ја потсети јавноста дека на 9 мај на Црвениот плоштад во Русија се одржува годишната парада за Денот на победата.
„Мислам, тоа ќе бидат, легитимни воени цели како што велат. И баш поради тоа ги повикувам сите кои работат на производство на беспилотни летала да им „приредат веселба“, рече Украинецот.
Јаценко се со цел да ја зголеми мотивираноста на производителите на дронови за ваквиот подвиг на својата Фејсбук страница објави и линк преку кој понудената премија би можела да биде зголемена од страна на оние кои сакаат да го поддржат ваквиот подвиг.
Украинецот има само еден услов!
На крилата на дронот мора да има патриотски слоган од типот ,,СЛАВА НА УКРАИНА” или ,,СЛАВА ИМ НА ХЕРОИТЕ”!
Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.
Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!