Bitkata za Radusha, vojna 2001, konflikt vo Makedonija

(Видео) Сетете се на Радуша, 2001 година!

Оваа песна е посветена на македонските бранители.

Оваа песна е посветена на Македонските Бранители!

Сети се на Радуша

В сон ја сонив неа в руба
од цвеќа жолти црвени
жолтите за мајки страдни
црвени за синови.

На сон плаче, таа реви
наша мила мајка стара
душман дојде да ја дели
нас не вика, помош бара.

Тргнаа со живот даден,
aк’ се вратат добро ќе е,
сè за овој народ страден,
сè за знаме да се вее.

И штом многу време мине,
и штом дојдат студој в душа
сети се ти победник си,
сети се на Радуша.

Две илјади прво лето
примирје прекршија
нишани од сите страни
в Радуша завршија.

Шеесет ми јунаци со
гордо македонско име
ниту педа земја нема
никој да ни одземе.

Тргнаа со живот даден,
aк’ се вратат добро ќе е,
сè за овој народ страден,
сè за знаме да се вее.

И штом многу време мине,
и штом дојдат студој в душа
сети се ти победник си,
сети се на Радуша.

Битка тешка добија,
Но, војната не смееја
јунаци со глави горе
другите ги веднеа.

Памти синко херои
достојни на Гоце,Ченто
жив си само дур се бориш
ти за ова име свето.

Тргнаа со живот даден,
aк’ се вратат добро ќе е,
сè за овој народ страден,
сè за знаме да се вее.

И штом многу време мине,
и штом дојдат студој в душа
сети се ти победник си,
сети се на Радуша.

Тргнаа со живот даден,
aк’ се вратат добро ќе е,
сè за овој народ страден,
сè за знаме да се вее.

И штом многу време мине,
и штом дојдат студој в душа
сети се ти победник си,
сети се на Радуша.
Сети се ти победник си, сети се на Радуша.

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!