Дали по едногодишна борба во Украина војната се префрла на Руска територија?

Украинска диверзантска група завзела две погранични села, Љубечен и Супани во руската област тврдат од Руските власти. Официјален Киев се огради од ваквите обвинувања и ваквата изјава ја нарече провокација, а воедно и обид да се заплаши рускиот народ.
Во ваквиот напад (како што тврди руската страна) има неколку ранети но и мртви цивили помеѓу кои и едно десетгодишно дете.
Рускиот претседател ваквиот чин го нарече терористички напад за кој Русија ќе одговори на соодветен начин.
,,Денеска е извршен уште еден злосторнички чин, тероризам во граничната зона, и покрај тоа што знаеле дека е цивилно возило сепак отвориле оган. Ова е вистинско злосторство од страна на неонацистите и нивните господари.” – Владимир Путин – Претседател на Русија.
Ваквите тврдења на руската страна наидоја на негирање од украинска страна
-Рускиот корпус на доброволци штотуку ја премина државната граница на Русија. Еве ви и доказ. Ние не водиме војна со граѓаните, не убиваме цивилно население. Ние доброволците на рускиот корпус го снимаме ова видео на територија на Брјанската област. Не сме тука како диверзантска група, туку како ослободителна армија на својата родна земја, за разлика од Руската армија на егзекутори и насилници. Ние, не војуваме со невини граѓани, ние сме тука се со цел да ве ослободиме. -Руски корпус на доброволци.
За време на ваквите обвинувања и препукувања војната во Украина продолжува со масовни воздупни напади. Во текот на изминатата ноќ, руски ракети паднале врз петкатница во југот на украина, Запорожје. Руските региони пак, изминатите неколку денови повторно беа од масовен напад извршен со беспилотни летала со што зафатија територии кои се наоѓаат стотици километри од линијата на фронтот во Украина.