americki-foki-studena-voda-terapija

Navy Seal – ладната вода е терапија, ова се бенефитите!

Кои се причините поради кои би требало секое наше туширање да го завршуваме со ладна вода?

Како за почеток една од причините е тоа што без сомнеж ладната вода ќе ве “отрезне” односно ќе го разбуди духот во вас колку и да сте без волја и сила, и истата таа енергија ќе ве прати во текот на денот.

,,Тушот со ладна вода пред се има повеќе здравствени бенефиции од било што друго”- изјавува Клинт Емерсон, поранешен припадник на Американските Фоки.

Истиот наведе дека кога сте припадник на ,,Фоките” ве тренираат да поминувате што е можно повеќе време во ладна вода, но во цело тоа лудило има и доза на наука поради која не ставаат во ладни води.

Освен специјалните единици ваквата метода ја користат и атлетичарите итоа веднаш по напорниот тренинг, а како прва причина за користење на оваа метода го наведе брзото закрепнување на мускулатурата и организмот.

Ладната вода предизвикува стеснување на крвните садови и контракција на мускулниот ѕид на истите, а воедно ја истиснува целата млечна киселина која што се наоѓа во мускулите па со самото тоа ќе се чувствувате подготвени за наредниот тренинг и денот што следува.

Ладната вода е терапија!

Иако знае да наликува на тортура, сепак ладната вода е терапија која е здрава и сама по себе носи премногу бенефиции за човековото тело и човековото здравје. Таа ги штити вашите зглобови додека воспалувањата ги сведува на минимум.

Со други зборови ве одржува во тоа да продолжите напред со вашите тренинзи и активности со полна пареа, а притоа да го намалите ризикот за било каква повреда.

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!