,,Дозвола за убивање – Низ што се поминува секој Руски снајперист!

Поранешен снајперист на руската единицата за специјални операции му раскажува за својата работа на дописникот на порталот Russia Beyond.

Како да стигнете до спецназ и да станете снајперист

Ако сакате да станете еден од припадниците на единицата за специјални намени и воедно да учествувате во антитерористички операции, најпрво морате да поминете низ определена обука. Во идеална варијанта ваквата обука започнува уште на соодветен факултет (или определена високо образовна институција) кој на своите дипломци им овозможува наредните пет години да ги поминат во службата на спецназ на територија на Русија.

Доколку во меѓувреме не „изгориш“ и доколку не ги отфрлиш војничките чизми, и истите да ги замениш за лакирани чевли, бизнис-одело и удобна канцеларија, тогаш можеш да испратиш молба до силите за специјални операции (ССО, чии единици се формираат од најдобрите припадници и стручњаци од сите елитни единици на спецназ, односно од ГРУ, СВР, ФСБ, ФСО и други). Молбата се разгледува од кадровската служба и истата му нуди на пријавениот кандидат да го положи тестот за физичка подготвеност.

Доколку ви тргне од рака, ве испраќаат на лекарски преглед, а потоа и на преглед кај психолог, па до својата 27 година (доколкуземеме во предвид идеално сценарио, во кое сè се постигнува на време и од прв обид) станувате припадник на силите за специјални операции.

Вештини на современиот снајперист.

Морате да се разбирате во балистика затоа што ќе работите со ветар (ќе ја пресметувате брзината на ветрот и правецот на отстапување на куршумот при самиот лет), ќе гаѓате цели кои се во движење, и се тоа среде ноќ, во тотална темнина.

Најголемиот дел од нашата работа се извршува по полноќ. Мораме да знаеме да ракуваме со современата техника и да ги препознаваме целите на теренот во услови кога непријателот се обидува да не пронајде и да не убие. Работата на еден снајперист е слична на лов, затоа што ние буквално се ловиме еден со друг.

Исто така за време на обуката треба да се вежба и ракување со пиштол и карабина, а не само снајперска пушка. Тоа би ви требало, на пример, кога морате да завземете положба која се наоѓа на непријателска територија. Никогаш нема да имате голема група за поддршка. Немоте да си мислите дека некој со хеликоптер ќе ве префрли на фронтот, а потоа дека ќе ве собере од истиот. Не, вие со свои нозе ќе ја минете линијата на раздвојување, а потоа незабележливо ќе се вгнездите на положбата, ќе ја извршите задачата и ќе се вратите назад. Сето тоа мора да го направите сами или со група снајперисти.

Во зависност од самата мисија, група снајперисти најмногу брои десет луѓе. Тоа се командир, набљудувач, стрелци, човек кој е задолжен за врска и неколку војници што ги покриваат положбите.

Обука.

Постојат две секции за обука на снајперисти. Едната е полициска, додека другата е воена. Поедноставно кажано, обука за работа во населено место и обука за работа на фронт.

Полициските снајперисти имаат за задача да погодуваат мета 20х20 сантиметри (големина на просечна човечка глава) на оддалеченост од 300 метри. Ваквата вежба симулира погодување на терорист во главата додека истиот користи заложник како штит.

Воените снајперисти се обучуваат да работи на растојание од еден километар. Тука задачата е само да се погоди целта затоа што калибарот на пушка со таков дострел е доволно силен за да раскине парчиња од телото на непријателот доколку истиот е погоден, така што во секој случај умира од голем губиток на крв.

Кога те испраќаат да го обезбедуваш претседателот или на фронт против Исламската држава?

Доколку сè се одвива според веќе споменатата „идеална “ варијанта и вие до својата 27 година веќе сте припадник на ССО, тогаш ве испраќаат на дополнителна обука за снајперисти, па со самото тоа на 30 години ве испраќаат со единица на извршување задача. Иако, со сигурност, веќе ќе бидете и постар.

Тука поединецот мора да биде сосема зрел. Кога зборуваме за снајперистите, кај нив не се цени лудата храброст и мускулите, туку лукавоста и вештината. Луѓето со тек на време стануваат поспокојни, а воедно и започнуваат разумно и до детали да ја проценуваат секоја ситуацијата во зоните на воени дејствија, и воедно не си ги преценуваат своите лични способности.

Избувливост во карактерот на снајперистот е потребна само во точно определени тешки ситуации кога нема време за расудување, туку мора веднаш да се дејствува. На пример, доколку твој соборец е ранет или доколку си разоткриен и мораш итно да се повлечеш.

Како да определиш кога и кого треба да убиеш?

Во нашата држава (РУСИЈА) работата и дејствувањето на снајперистите е пропишано со федерален закон. Во оваа наша работа нема поделба на непријателот според возраста, полот, расата или бојата на кожа. Едноставно кажано, доколку група на снајперисти на настан што го обезбедуваат забележат деца или трудница кој во своите раце има автомат или граната, стрелецот ја ликвидира таквата цел без никакво одлагање.

Снајперистите исто така бараат терористи во толпата на положбите од околу, но исто така бараат и агенти во самата толпа. Ваквите агенти се обучуваат да го препознаат непријателот на лице местото според психолошки показатели и според неговото однесување, и на прв поглед да сфатат кое оружје и експлозив истиот ги носи на себе. Исто така ваквите агенти се обучени опасноста да ја отстрануваат без галама, така што нема да го привлечат вниманието на останатите лица, а со самото тоа да не предизвикаат паника. доколку не успеат во тоа, тогаш работата ја преземаат групата снајперисти.

Честопати снајперистот мора самиот да донесе одлука дали треба да пука во целта или не, затоа што командирот на командирот на групата не е секогаш во можност да ја процени самата ситуација. Со сигурност никој нема да пука во некого туку-така.

На пример, доколку терорист сака да активира бомба во толпа, групата тоа го забележува со што носи одлука дека ваквото лице треба да се неутрализира. Доколку станува збор за градски услови не секогаш целта мора да биде убиена, често е доволно истата да се оснеспособи за да не може да го активира детонаторот или пак да отвори оган од автомат.

Загарантиран резултат дава само пукањето во главата на непријателот. Тоа е моментално онеспособување кое резултира со смрт. Приказната за срцето и останатото се глупости – наведува рускиот снајперист. Но, кога станува збор за човек кој се движи, а згора на тоа се наоѓа во толпа, тогаш снајперистот има задача да определи кој куршум во тој момент да го примени, за да не повреди некој друг.

Тешко ли е да се убие човек?

Дефинитивно НЕ. Сето тоа што го гледате по филмовите за нервен слом кај главниот јунак и за неговите ноќни кошмари – е само обична лага. За оваа работа се избираат луѓе кои поминале низ определена обука. Ние како снајперисти мирно спиеме и можеме слободно да кажеме дека не чувствуваме никаква грижа на совеста.

Сите оние приказни за Крис Кајл ( односно легендарниот американски снајперист кој во Ирак ликвидираше 255 непријатели) се дополнително драматизирани за потребите на самиот филм. Сите воени и полициски снајперисти се обучени така што живеат спокоен живот по убиство.

Цена на грешката

Доколку си погрешил и си убил невин цивил, излегуваш пред воен суд каде се спроведува потребната истрага во правните рамки на твојата земја. Во Русија за ваквата грешка можеш да заглавиш во затвор 15 години.

Сепак, тука треба да се истакне дека секој случај е засебен и зависи од единицата во која работи човекот, и од ситуацијата во која настанал инцидентот.

Колку заработува еден снајперист?

Сè зависи од единицата и од должноста која снајперистот ја има.

Во регионалните единици еден снајперист заработува 70.000 рубли (1.000 американски долари) месечно, додека во престолнината 120.000 рубли (1.500 американски долари).

Теренските дневници знаат да варираат. Има случаеви каде снајперисти од различни единици се испратени на исто место и вршат иста задача, а кога ќе се вратат да добијат „додаток“ кој се движи од 3.000 до 30.000 американски долари.

Сè зависи од тоа каде служиш. Но, луѓето со сигурност не ја избираат оваа професија поради парите, туку затоа што сакаат „АКЦИЈА“. Едноставно тие го сакаат целиот тој процес.

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!