За многу земји во светот студот се уште е несовладлива пречка. Но, се уште не постои мраз кој што може да го скрши „воинствениот народ“, пишува корисник на „Соху“ (кинеска интернет-мрежа). Тој објасни што е тоа што им помага на руските војници да го издржат студот, истакнувајќи дека овај метод грее подобро дури и од вотката.

„Русија е најголемата земја на светот, но во северните области зимата е премногу студена, па голем дел од подрачјата во тој дел на Русија се ретко населени. Меѓутоа, студот во никој случај не може да го скрши „воинствениот народ“. Во историјата се познати случаеви каде што Русите го победувале непријателот баш во услови на ледена зима. Дури ни Наполеон нити Хитлер не успеаја да ја совладаат Русија“, пишува авторот.
„Другите земји се уште не можат да војуваат во такви услови. Но, како ова му поаѓа од рака на воинствениот руски народ?“, се прашува тој.

„Руските војници во зима користат еден чудесен метод кој ги штити од студот дури и на температури од -70 степени Целзиусови. Истиот се пренесува од генерација на генерација веќе повеќе од 300 години и се смета дека е поефикасен од вотката“.
Се разбира, руските војници во зимнски услови носат специјална топла униформа, а познато е дека можат да се загреат и со помош на неколку голтки вотка, но она најважното што ги штити од ниските температури се, според мислењето на кинескиот „експерт“, објалата. – известуваат од Russia Beyond
„Во минатото руските војници носеле длабоки чизми но тоа било страшно неудобно бидејќи војниците имале различна големина на нозете. За да не ги убиваат чизмите, руските војници започнале преку своите чорапи да завиткуваат ткаенина, што исто така им давало поголема топлина. ,,Објалата” брзо станале популарни помеѓу војниците, додека нивната дебелина се разликува во зависност од сезоната. Денес војниците на Русија не се грижат за тоа дека зиме нозете ќе им бидат замрзнати.
Не треба ни да се зборува за како тоа ќе влијае на нивната борбена способност. Во современата руска армија, објалата играат голема улога и поради тоа сите регрути учат како правилно истите да ги користат“, пишува кинескиот автор.
Во Русија ,,објалата” навистина се користеле неколку стотици години во историјата па сé до 2010та година, кога класичните војничките чизми беа заменети со војнички чизми кои имаат врвки.

Денеска руското Министерство за одбрана целосно ја исфрли од употреба објалата, набавувајќи повеќе од 2 милиони пара летни чорапи и 1,2 милиони пара зимски чорапи, како што соопшти заменик-министерот за одбрана на Русија генерал Димитриј Булгаков на почетокот на 2014та година.
Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.
Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!