A Borei-class nuclear-powered submarine launches a Bulava ballistic missile in the Barents Sea in August 2019.

Руска Нуклеарна подморница лансираше балистичка ракета!

Руската нуклеарна подморница успешно ја тестираше балистичката ракета ,,Булава” поради тензиите со НАТО.

Во уште една претстава за нуклеарна тензија, и Американските и Руските нуклеарни подморници се позиционираа на стратешки локации, бидејќи војната во Украина не покажува знаци на смирување.

РУСКОТО МИНИСТЕРСТВО ЗА ОДБРАНА СО СООПШТЕНИЕ.

Во меѓувреме, руската нуклеарна подморница „Генералисимус Суворов“ успешно истрела балистичка ракета „Булава“ од Белото Море кон полигонот Кура, како дел од последната фаза од државните тестови, соопшти руското Министерство за одбрана.

The “Generalissimus Suvorov” was taken out of the ship hall in Severodvinsk on December 25. Photo: M. Vorkunkov / Sevmash

„Екипажот на најновата стратешка ракетна подморница „Генералисимус Суворов“ од проектот „Бореј-А“, успешно ја истрела балистичката ракета „Булава“ како дел од последната фаза на државните тестови“, се вели во соопштението.

„Истрелувањето на проектилите беше извршено од потопена позиција од Белото Море на полигонот Кура кој се наоѓа на полуостровот Камчатка. Летот на балистичката ракета Булава се одвиваше во нормален режим. Според потврдените податоци за објективна контрола, боевите глави на проектилот успешно пристигнале во наведената област на полигонот Кура“, истакнаа од Министерството.

Стратешката ракетна подморница „Генералисимус Суворов“ е вториот сериски брод од проектот „Бореј-А“. Изграден е во производствената асоцијација Севмаш во Северодвинск.

Подморницата припаѓа на четвртата генерација на носачи на ракети за нуклеарни подморници и е опремена со современи системи на ракетно и торпедо оружје, навигација, радио инженерство и сонарско оружје. Оваа подморница исто така може да се пофали и со висока способност за радарска невидливост.

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!

извор: eurasiantimes