GERMANY-EU-BALKANS-POLITICS-DIPLOMACY

Германија со закана до Србија! ,,Доколку изберете да ,,играте” со Русија, ќе има последователни последици за иднината на Белград од ЕУ!”

Германија ја предупреди Србија: Изберете меѓу ЕУ и Русија.

Германија ја предупреди Србија да не развива подлабоки врски со Русија, предупредувајќи дека тоа би можело да ја спречи нејзината кандидатура за пристапување во Европската унија, изјави извор од германската влада во вторникот, 1 ноември.

Два дена пред самитот за Западен Балкан во германскиот главен град, наменет за зајакнување на односите со шесте земји од регионот, високиот функционер изјави дека Белград треба да одлучи на чија страна е: на Москва или на ЕУ.

„Односите со Србија се сложени – има и позитивни, но и негативни страни “, рече изворот, кој притоа сакаше да остане анонимен.

„Односите на Србија со Русија секако се дел од негативните“.

Изворот рече дека германската влада била, „изненадена и разочарана“ кога српскиот министер за надворешни работи Никола Селаковиќ во септември потпишал договор со неговиот руски колега Сергеј Лавров со кој се согласил да разговара за взаемна надворешната политика.

Германскиот функционер исто така изјави дека е време српскиот претседател Александар Вучиќ да се симне од ,,оградата”.

„Ако Србија тргне на патот кон Европа, ќе има поддршка, од ЕУ како целина и од германската влада“, рече изворот.

„Доколку го избере другиот пат, тоа ќе има последователни последици“ за иднината на Белград со ЕУ, рече претставникот.

Србија е кандидат за членство во Европската унија од 2012 година, но нејзините изгледи се сметаат за мрачни без нормализација на односите со Косово. Белград не ја прифаќа декларацијата за независност на Косово од 2008 година, со мнозинство Албанци.

Тензиите се влошени со војната во Украина, при што многу Србите имаат симпатии кон традиционалниот сојузник Русија.

Белград ја осуди инвазијата на Украина во Обединетите нации, но одби да се усогласи со европските санкции кон Москва.

Самитот во четврток во Берлин, чиј домаќин е германскиот канцелар Олаф Шолц, ќе ги собере шефовите на владите на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија, како и лидерите на ЕУ.

Учесниците од Западен Балкан треба да потпишат три договори: за взаемно признавање на личните документи, универзитетски дипломи и професионални акредитиви.

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!

Извор: kyivpost