Во руско аматерско видео беше демонстрирано што навистина се случува со дебелото парче на блиндирано кога ќе биде погодено од боева противтенковска ракета.

Видеото е направено од страна на Александар Котловој, руски телевизиски презентер кој работел во неколку научно-забавни програми. Тој заедно со неговиот тим спровеле експеримент да утврдат дали 45-те слоја на блиндираното стакло, сѐ на сѐ со дебелина од 40 сантиметри, се доволни да заштитат од удар на РПГ-7, руски рачен лансер на гранати.
Со ваквиот експеримент се докажува супериорноста на воената технологија. Хиперсоничното забрзување на противтенковската ракета кое создава доволно сила за да го пробие оклопот на тенкот, е сосема доволно за да го пробие повеќеслојното стакло и да ја „убие“ куклата позади него. Во обид да се промени насоката на ракетата или да се намали нејзината брзина се со цел да не дојде до удар на главното стакло, било поставено уште едно помошно стакло, но дали истото ја постигнало замислената цел погледнете од самото видео.
Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.
Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!