Генерал Игор Конашенков кој е портпарол на Министеството за одбрана на Русија излезе со извештај за штетата која ја нанесе Русија врз Украина изминатите неколку дена. Имено тој изјави дека вооружените сили на Русија погодиле 1.146 украински воени објекти од самиот почеток на Руската инвазија.

Помеѓу погодените цели биле ,,31 командно место и центри за комуникација, 81 противвоздушен ракетен систем од типот С-300, Бук М-1 и Оса, како и 75 украински радарски станици“.

Тој исто така додаде дека воздухопловните сили за оперативно тактичко воздухопловство на Русија уништиле шест колони на оклопни возила во сопственост на Украинската армија.

,,Покрај веќе наброените уништени цели исто така се уништени и 311 тенкови и останати оклопни возила, 42 хеликоптери и авиони (вклучувајки ги и оние уништени на земја), 51 парче повеќецевни ракетни системи, 147 парчиња од типот на пешадиска артилерија вклучително и минофрлачи, 263 единици на специјални воени возила” – изјави Конашенков.

Тој исто така додаде дека Руската војска дполнително напредува во двата промосковски региони во источна Украина.

,,Во изминатите 24 часа, нешто повеќе од 100 украински војници доброволно го предадоа оружјето”, заклучи портпаролот на Министерството за одбрана на Русија.

(ВИДЕО) Мобилизирани Чеченските паравоени сили! 10.000 војници се подготвени да заминат за Украина!

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!

By admin24

Leave a Reply

Your email address will not be published.