putin-russia-ukraine-nuclear-war

Наредбата на рускиот претседател Владимир Путин само нов опасен блеф?

Наредбата на рускиот претседател Владимир Путин во неделата да се стават руските нуклеарни сили во состојба на висока готовност е дел од шемата на ескалација на тензиите по неговиот напад врз Украина, изјавија за АФП западни експерти, но овој потег веројатно е само нов опасен блеф ја рускиот претседател.

Нуклеарната закана на Путин е уште позбунувачка бидејќи отстапува од воспоставената руска доктрина за нуклеарно одвраќање.

Во 2020 година, Путин одобри „основни принципи“ со четири случаи кога Москва може да го користи нуклеарното оружје.

Тие беа кога се истрелани балистички ракети на територијата на Русија или сојузничката територија, кога непријателот користи нуклеарно оружје, напад на локациии за руско нуклеарно оружје или напад кој го загрозува постоењето на руската држава.

Ниту еден од тие критериуми не е исполнет во сегашниот конфликт.

Уште повеќе, Русија им се придружи на другите четири постојани членки на Советот за безбедност на ОН во јануари во потпишувањето документ со кој се потврдува дека „нуклеарната војна не може да се добие и никогаш не смее да се води“.

Апокалиптични експлозии оваа вечер во Украина ! КЛИКНИ ТУКА

Забрането е било какво превземање на материјали од порталот Misija24 доколку страната која ги превзема истите не поставува хиперлинк до изворот.

Главна цел на нашиот сајт е известување за случувањата во светот без поттикнување на омраза или заземање на страна. Мисија24 не поддржува војна или било каков вид на насилство!

By admin24

Leave a Reply

Your email address will not be published.