Апликација која ги откри воените бази на САД!

,,Страва” е фитнес апликација која ги мапираше, а со самото тоа им ги откри на корисниците движењата на американските војници кои се наоѓаат во воените бази во Сирија и Авганистан, поради пропустот направен помеѓу персоналот во таа компанија.

Апликацијата го користи ГПС-от на мобилните телефони во кои е инсталирана и на тој начин ги следи движењата на корисниците кои ја користат таа апликација. Врз основа на податоците кои ги прибрала оваа апликација, како и податоците кои доаѓале од фитнес нараквиците како што се ,,Фитбит” и ,,Џобоун”, во виртуелниот свет се создава ,,Топлинска Мапа” на активностите на корисниците, пренесуваат од Би-би-си.

Виралната апликација ,,Страва” моментално има 27 милиони нејзини корисници ширум целиот свет, а така наречената ,,топлинска мапа” која што беше објавена во јавноста го прикажуваше движењето на корисниците во периодот од почетокот на 2015 година до крајот на 2017 година, меѓутоа не во реално време.

Ваквиот безбедносен пропуст прв го забележал 20 годишен студент од Австралија Нејтан Русер, кој ваквото откритие го објавил на својот твитер профил.

,,Гледајќи ја мапата помислив ,, ова не би требало да биде на ова место – нешто не е во ред”. Сметав дека најдобро е да се објават направените грешки за притоа да можат да се поправат. Верувам доколку не бев јас ова некој друг би го забележал, јас само случајно ги поврзав податоците”, изјавува Русер за Би-би-си.

На мапата биле обележани трасите на движење околу базите на САД во Сирија, Нигер, Јемен, Авганистан како и други земји.

Но не се погодени само американските воени бази, на мапата можат да се забележат и патролните рути на војниците околу базата Хмејмим во Сирија, а исто така е забележана и базата на Военото Кралско Воздухопловство на Велика Британија која се наоѓа на Фолкандските Острови.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *