Руската армија ги исфрла од употреба мобилните телефони

ВО Руската армија се разгледува можноста за целосно исфрлање од употреба на ,,Паметните телефони” кои поседуваат навигација и камери, се објавува во Московскиот весник ,,Комерсант”.

,,Комерсант”, повикувајќи се на извори од Генералштабот на вооружените сили на Русија, истакна дека министерството за одбрана ја разгледува можноста да се ограничи користењето на паметните телефонски уреди за комуникација помеѓу припадниците на воените сили и органите за управа на Русија.

Во замена за ,,паметните телефони”, на секое воено лице ќе му биде препорачано да користи од наједноставните телефонски апарати кои во своите перформанци немаат камера и можност за геолокација, а од кои ќе бидат во можност да испраќаат СМС пораки и кој имаат вградено блиц ламба.

Ова прашање било претходно добро анализирано од страна на руските служби задолжени за обезбедување на државна тајна, додека од страна на ресорниот началник на управата на Генералштабот на војниците им било дозволено користење само на 11 едноставни модели на телефонски уреди од производителите ,,Самсунг”, ,,Нокиа”, ,,Алкател” и ,,Тексет”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *