Едни од најопасните специјални единици во светот ( ВТОР ДЕЛ )

Во предходниот текст (кликни тука) споменавме само еден дел од најопасните специјални единици со кој располагаат одредени држави во светот.

Ова се останатите специјални единици кои се вбројуваат во групата ,, Најопасни специјални единици во светот”.

1. Израелската Сарејет Маткал

Израелските специјалци за разлика од своите колеги ширум светот имаат малку пошироки задачи. Имено, нивна примарна задача е шпиунажата, односно собирање на безбедносни информации. Често ваквото собирање на информации се врши зад непријателските редови, па дури потоа се превземаат антитерористички активности.

За да се стане член на оваа Израелска специјална единица, мора да се помине низ страшен психофизички тренинг во кампот Гибуш, кандидатите се под постојан надзор на лекари и психолози.

 Во кампот се оди исклучиво на лична одговорност, а секој регрут потпишува документ со кој го потврдува влегувањето во ваквата програма.

Сѐ уште се раскажува нивната акција за спасување на таксистот Елијаху Гурел. Израелецот бил киднапиран при превезување на четворица Палестинци во Ерусалим. Припадниците на специјалната единица Маткал го пронашле закопан во дупка која што била длабока 20 метри, во некогашна фабрика на периферијата на Ерусалим.

2. Британските САС:

,,Кој ќе се осмели, успева”.

Мото на оваа специјална единица е ,,Кој ќе се осмели, тој ќе успее”.

Нивниот придонес за време на американската инвазија над Ирак беше оценет како ,,НЕПРОЦЕНЛИВ”. Тогаш кога не помагаат на американските колеги во нивните акции насекаде низ светот, спроведуваат антитерористички акции на територија на својата држава.

3. СБС: Британски специјалци голи во срцето на прашумата

Припадниците на британската морнарица претставуваат еквивалент на американските ,,ФОКИ”. Еден од нивните тренинг кампови се наоѓа во прашумите на Бразил. Припадниците на Британската СБС се бираат според екстремно строги критериуми.

Кандидатите без парче облека на нив, голи, се оставаат во срцето на прашумата цели 96 часа. Секој оној кој што ќе преживее, оди на следното ниво.

Следното ниво е психолошко тестирање, каде секој кандидат е подложен на сурови методи на испрашување. Секој оној кој ќе помине низ сите тестови за време на селекцијата, може да биде горд дека станал припадник на СБС.

4. Американските морнарички ,,ФОКИ”

,,Фоките” важат за една од најценетите специјални единици во светот.

Оваа специјална единица претставува ,,кремот” на американската војска. Нивниот тренинг изгледа застрашувачки, каде што во рок од 11 минути треба да се направат 42 склека, 50 чучњеви и треба да се претрчаат 2 километри.

Ова претставува стандардно тестирање за физичка подготвеност кој секој од кандидатите треба да го помине пред воопшто да се започне со негово тестирање, со кое ќе се утврди дали е ,,погоден материјал”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *