Едни од најопасните специјални единици во светот! (ПРВ ДЕЛ)

Да се биде дел од елитна специјална единица значи да се припаѓа на групата најдобри војници кои една држава може да ги понуди.

Припадниците на специјалните сили го претставуваат ,,врвот” на групата безбедносни сили во една земја.

Но сепак, за да се работи оваа професија не значи само да се има желба, него и да се поминат неколку “кругови на пеколот” при самата селекција.

Во продолжение ви ги претставуваме дел од осумте најдобри специјални единици во светот.

1. Пакистанските штркови.

Пакистанските специјални сили познати под името ,,Црни Штркови” својот назив го добиле по единствените црни шлемови што ги носат нивните команданти.

Тренингот на оваа специјална единица се состои од Марш во должина од 50 километри, кои треба да се поминат во временски интервал од 12 часа, како и спринт од 8 километри кој што секој припадник треба да го истрча со целосна опрема на себе, за врме од 40 минути.

Во 2009 година, месец октомври, ССГ Спешл Сервис груп изведуваат една од најневеројатните акции за спасување на заложници, кога влегуваат во зграда кој ја имаат откупено талибанците. Сите 39 заложници се спасени, додека сите терористи ликвидирани.

 2. Шпанските специјалци настанале од алпинисти

Специјалците на Шпанија (Unidad de Operaciones Especiales) децении наназад важат за една од најдобрите специјални единици во Европа.

Првенствено основани во 1952 година како волонтерско воено здружение, од членови на тогашниот клуб за алпинизам, со тек на годините прераснале во една од најценетите специјални единици на Стариот континент.

За да се стане член на оваа елитна група, секој кандидат поминува низ неколку ,,кругови на пеколот”. Од десет пријавени регрути, понатаму продолжуваат само двајца.

3. Алфа групата од Русија

Дефинитивно станува збор за една од најдобрите специјални единици во светот.

Антитерористичката Алфа група е основана од специјалната служба КГБ во 1974 година. Денес служи во Федералната служба за безбедност (ФСБ) во Русија.

Оваа единица претставува една од најелитните специјални сили на Русија.

Во принцип на оваа група се доделуваат најтешките и најризични задачи како што се, опсади и организирани терористички напади. Се уште се памети онаа молскавична реакција со која беше неутрализиран бомбашки напад врз амбасадата на САД во главниот град Москва, далечната 1979 година.

4. ,,Група на сенки” – Франција.

Малку специјалци во светот можат да се споредуваат со француската Жандармерија (ГИГН).

Групата е составена од 200 специјалци кои се специјално тренирани за најтешките и најнепредвидливи задачи.

Од 1973 година па се до денес, оваа специјална единица има ослободено над 600 заложници во неколку десетици кризни ситуации. Водејќи се по францискиот закон, строго е забрането да се откриваат нивните идентитети. ,,Групата на сенки” се појавува само кога треба да се реши одредена кризна ситуација.

Една од нивните најпознати интервенции е онаа од 1979 година кога била заземена Големата џамија во Мека. Поради забраната за  влегување во Мека за секој оној кој не припаѓал на муслиманската вероисповед, француските специјалци го прифатиле исламот, потоа влегле во Мека и им помогнале на саудиските сили да ги ослободат сите заложници кои се наоѓале внатре.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *