Светски тренд: Нарачајте си ваша, приватна војска која е обучена и спремна за било какво војување.
Воените приватни компании се вистински хит насекаде низ Светот. Меѓу водечките земји во кои се нудат ваквите услуги највисоко котира Русија, иако во оваа земја ваквата дејност сеуште не е легализирана.

Во Русија можете да имате ваша приватна војска составена од вистински командоси, добро обучени кои ќе војуваат за вас каде и за што вие ќе посакате.
Ваквите услуги коштаат огромна сума на пари кои тежат и по неколку милиони.
Конкуренцијата во оваа работа е голема, а војниците кои се пријавуваат во ваквите приватни војски својот ,,занает” го печеле во Ирак, Авганистан, Палестина, Сирија, Босна и Херцеговина и на многу други воени терени..

Ваквиот вид на приватни војски ,,Командоси” се повеќе ги изнајмуваат приватните компании на кои дел од своите претставништва им се наоѓаат во ризичните земји.