Американски експерти признаваат, АК-47 е подобар од М-16!

Американски експерти направија компаративна анализа на познатиот руски автомат АК-47 и јуришната американска пушка М16, и при ваквата анализа ја истакнаа главната предност која што ја поседува ,,Калашников”.

Порталот ,,Национален Интерес” пишува дека големата популарност и широкото присуство на АК-47 може да се објасни дека е заслуга на нејзината сигурност. Оваа автоматска пушка нема да ве изневери ни во најтешки услово нити при голема нечистотија. Ваквата предност ја истакнуваат Американците кои војувале во Виетнам.

Поради својата сигурност ,,Калашников” беше страшен противник како и скапоцена предност за американските војници во Виетнам во моментите  кога американската м16 им се расипувала од самото пукање во локални услови, пишува порталот.

Како што се наведува во анализата направена од американските експерти, АК-47 поседува конструкција која подобро штити од валкање кое може да го оневозможи пукањето. Тоа е поврзано со позначајните разлики помеѓу АК-47 и М16 во принципот на работа на автоматиката и системот за исфрлање на гасот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *