Tue. Sep 21st, 2021

1. CARLOS NORMAN HATHCOCK

[ 93 потврдени убиства. ]

Благодарение на цифрата од 93 убиства тој станува воена легенда во тој период. Преферирал да гаѓа мети на голема оддалеченост со што подоцна станува дел од Американските маринци. Непријателите му го дале надимакот ,,Бело перо” поради пердувот кој го носел на неговата глава.

2. CHUCK MAWHINNEY

[ 103 порведени убиства. ]

За време на војната во ВИЕТНАМ Chuck бил дел од маринците каде што за период од 16 месеци со својот снајпер убил 103 противници.
За своите постугнувања не разговарал со никого дури ни со својата жена.

3. ADELBERT WALDRON

[ 109 потврдени убиства. ]

Станува збор за снајперист на Американската војска кој се борел во војната во ВИЕТНАМ и кој до 2011 година го држеше рекордот на потврдени убиства.

4. HENRY NORWEST

[ 115 потврдени убиства. ]

Канадски снајперист кој се борел за време на Првата Светска Војна во која поминал 3 години. Покрај тоа што бил врвен стрелец, она по што се разликувал од останатите биле одличните техники на прикривање и маскирање.

5. CHRIS KYLE

Chris Kyle, a retired Navy SEAL and bestselling author of the book “American Sniper: The Autobiography of the Most Lethal Sniper in U.S. Military History”, holds a .308 sniper rifle in this April 6, 2012, file photo.

[ 160 потврдени убиства. ]

,,NAVY SEAL” најсмртоносниот Американски снајперист кој учествувал во 4 мисии во Ирак поради кој се стекнал со голем број на признанија. Во своите мисии ранет е 2 пати, а исто така преживеал и две експлозии од импровизирани експлозивни направи. Ја напишал книгата ,,АМЕРИКАНСКИ СНАЈПЕР”, а подоцна (2013 година) е направен филм за неговиот живот. Chris е убиен 2013 година на полигон за пукање од страна на 20 годишен маринец.

6. N.N.

[ 173 потврдени убиства. ]

Најсмртоносниот жив снајперист кој во службата поминал повеќе од 10 години. Одслужил 5 мисии почнувајќи од Северна Ирска па се до Иран и Авганистан. Неговиот идентитет се чува во тајност се со цел да не стане мета на исламистите.

7. Vasily Zaytsev

[ 242 потврдени убиства. ]

Советски снајперист и херој од Втората Светска Војна. Најмногу од своите убиства односно 225 Vasily ги постигнал за време на борбата за Сталинград каде што ликвидирал 11 непријателски снајперисти.

8. LJUDMILA PAVLICHENKO

[ 309 потврдени убиства. ]

Снајперистка од Црвената армија кој се борела за време на Втората Светска Војна. Павличенко за време на војната убила 36 непријателски снајперисти. Била ранета од експлозија од минофрлач па поради својата голема популарност морале да ја повлечат од борба.

9. FRANCIS PEGAHMAGABOW

[ 378 потврдени убиства. ]

Најефективниот снајперист од Првата Светска Војна припадник на Канадската војска. Ликвидирал 378, а заробил 300 германски војници.

10. SIMO HAYHA

[ 505 потврдени убиства. ]

Познат по прекарот ,,Бела Смрт”. Фински војник кој за време на Руско – Финската војна за помалце од 100 дена успеал да ликвидира пола ваталјон. Користел руска пушка со обичен нишан поради тоа што сметал дека доколку снајперистот користи оптички нишан мора главата да ја крева повисоко со што станува лесна мета, оптичкиот нишан се замаглувал поради временските услови во кој тој војувај, додека отсјајот на сонцето од оптиката на снајперот ја откривало положбата на снајперистот. За да ја сокрие пареата која излегувала од неговата уста за време на ниските температури SIMO во устата држел снег. Тешко е ранет во 1940 година кога од страна на Руски војник бил погоден во пределот на вилицата. Доживува длабока старост. Умира во 2002 година на 96 годишна возраст.