На протестите во Хјустон објективот на камерата фотографира полицаец со тетовирани раце, а покрај различните слики, убаво се гледа како со големи букви пишува Русија на неговата лева рака!
На надлактицата се наѕира и најверојатно називот на некој од руските градови кој завршува на „…овск“.

Повеќето руски учесници во преписката на Reddit сметаат дека станува збор за Хабаровск.
„Полицаецот има баш сериозни „ракави“. Навистна одлична снимка“, пишува jumpinjackieflash.
„Го познавам лично офицерот од фотографијата и можам да кажам дека тоа што го гледаме е вистинита слика за неговиот однос спрема луѓето на улиците. Никогаш нема да пронајдете подобар човек кој истовремено е и апсолутно лошо момче (badass). Јас нему би му ги доверил својот живот како и безбедноста на моето семејство“, пишува DavidAg02.
„Ха-ха, тогаш пренеси му дека сега сите ги разгледуваат тетоважите на неговите раце. И мал параноиден дел од нашата публика смета дека станува збор за руски шпион. Смешно! Се надевам дека не се во право“, пишува Belikedis.